Достапни линкови

Подготовките за парламентарните избори се одвиваат според роковникот


Државната изборна комисија ги извршува сите своите активности во согласност со предвидениот роковник - соопшти денска на прес конференција претседателот на ДИК Јован Јосифовски.Дел од експертите во јавноста го критикуваа процесот на едукација на администрацијата која што е вклучена во избирачкиот процес. Јосифовски ги отфрли ваквите критики како неосновани и изјави дека едукацијата се одвивала во неколку етапи, а дел од нив како што рече се завршени

„Од денеска до сабота во тек е едукацијата на избирачките одбори. Оваа едукација ја вршат професионални тренери, кои претходно беа едуцирани од општинските изборни комисии.“

За тоа како ке гласаат околу 3000 аднистративци кои се распределени во избирачките одбори надвор од своето место на живеење и гласање Јосифовски вели:

„ДИК во таа смисла има една концепција, да заминат еден ден порано замениците членови на општинските изборни комисии и избирачките одбори, да го отворат гласањето и во текот на денот околу 13 часот да се вратат, да може да го остварат своето гласачко право, а претседателите да можат потоа да продолжат и да ги сумираат резултатите. Ова се нашите концепциски планови, но денеска и конкретно ДИК тоа ќе го утврди.“

За ваквиот план пак доколку се потребни и дополнителни финансиски средсвта владетелите ке обезбеди од резервните фондови. И гласачките ливчиња чиј изглед предизвика несогласувања мегу членовите на ДИК и по два дена расправа беше одлучено да бидат долги 70 сантиметри се испечатени

„Освен гласачкото ливче за изборната единица број 3, која ќе се испечати во наредните два дена.“

вели Јосифовски и додава дека на комисијата и остануваат уште неколку активности. Во врска пак со инцидентите пак кои започнаа заедно со почетокот на камапњата на 15 јуни Јосифовски вели дека немаат игеренции

„Тоа според мене е надлежност на другите органи, на МВР и Обвинителството. Ние само може да чувствуваме дека тоа не е добро за земјата.“
XS
SM
MD
LG