Достапни линкови

Нирнберг: Претседателот на ФИФА го критикуваше судијата на мечот Холандија - Португалија


Претседателот на ФИФА Сеп Блатер во изјава за португалската телевизија го критикуваше рускиот судија Валентин Иванов за справувањето со синоќешниот меч Португалија – Холандија во кој досуди 16 жолти и 4 црвени картони. Иванов беше критикуван и од тренерите и играчите. Португалија победи со 1 спрема нула во рамките на 8 мина финалето. Попладне Италија игра со Австралија, а вечер Украина со Швајцарија.
XS
SM
MD
LG