Достапни линкови

Многу манипулации околу евро-интеграциите


Јасната европска перспектива се посочува како мотивација за земјава, како и сите држави од регионот. Но, и покрај тоа европските интеграции како и сите други теми се само на нивото на препукување мегу власта и опозицијата. Политичарите признаваат, како со секоја па така и со оваа тема се манипулира.

„Природно и нормално е темата на евро интеграциите на изборите да биде една од клучните, но многу е важно да не се користи во демагошки цели и неуспесите и слабостите внатрешни во државата да се објансуваат како нерешителност на меѓународната заедница во евро интеграциите,“

Изјави Зоран Крстевски поранешен вицепремиер за евроинтеграции.
И за Радмила Шеќеринска потпретседател на Влaдата надлежна за евроинтеграциите смета дека темата евроинтеграциите не е прашање на избор, туку на обврска и не само овој предизборен период:

„Темата членство во ЕУ е класична тема за избори. На неа во некои земји се добивале или губеле избори. Затоа што, партиите коишто сега се кандидираат, кои меѓу себе си конкурираат, излегуваат со ветувања и во овој дел, колку брзо и квалитетно ќе го завршат процесот?“

Таа посочува на кои прашања во врска со евроинтеграцијата треба да се стави акцент:

„Треба трката во изборите да биде кој повеќе ќе искористи, кој ќе биде поуспешен во искористување на фондовите, кој ќе ги води преговорите за либерализација на визниот режим подобро, кој ќе ги води преговорите за членство поквалитетно?“

Крстевски смета дека претставување на идеите за понатамошната евроинтеграција ке биде без резултат:

„Треба во изборите да покажуваме визија за натамошната интеграција во ЕУ. Но, таа реторика нема да има ефект бидејќи Македонија очигледно со оваа влада, не можеше да направи исчекор со кој Европа ќе дадеше и тајминг, како во случајот со Хрватска за преговори.“
XS
SM
MD
LG