Достапни линкови

logo-print

Скопје: Ранет активист на ДУИ во Рашче


Едно лице е рането од огнено оружје, а уште едно е претепано, во престрелка што синоќа се случила меѓу две групи во скопското село Рашче. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи ранетото лице со иницијали З.О. било од скопското село Радуша. Портпаролот на ДУИ Џевад Адеми, изјави дека повредениот е партиски активист. Тој заедно со уште еден активист на ДУИ, како што истакна портпаролот Адеми, бил нападнат во близина на штабот на ДПА во селото Рашче. Од МВР извествуваат дека ранетиот е погоден во нога и заедно со претепаното лице се хоспитализирани.
XS
SM
MD
LG