Достапни линкови

Партиите во сенка на бомбите и куршумите


Изминува првата половина од предизборната кампања, а политичките програми на партиите се во длабока сенка на насилствата што се случуваат речиси секоја ноќ. Никого веќе не го интересираат бројките за економскиот раст, за помалите даноци, сите бројат куршуми, бомби, искршени изборни штабови. А само што помисливме дека партиите од албанскиот блок ги послушаа апелите на странските амбасадори, тие продолжија по старо, а и македонските, да не останат покусо, им се придружија на своите колеги во напорите да направат оваа кампања да биде најогнена досега. И како и во сите рашомонијади, секој си има своја вистина, и секогаш оној другиот е виновен за се

„Наши активисти, додека лепеле плакати биле нападнати од членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.“
„Врз активистите на ВМРО-ДПМНЕ е пукано на два пати со пиштол од блиското интеренет кафе, пет минути подоцна е пукано со автоматска пушка калашњиков.“
„Намерно сами ги кршеле штабовите на ДУИ, за да излезе дека ДПА ги демолира штабовите на ДУИ.“
„Според наши сознанија тоа е сторено од активисти на ДПА.“


Министерството за внатрешни ги проучува видео и фото материјалите од партиските аматерски снимки. Првиот полицаец изјави дека нема намера да ги едуцира партиските лидери да бидат подобри

„Улогата на МВР не е да редуцира политичари.“

Партиите освен во дисциплините стрелаштво и фрлање камења и бомби од рамо, вешто се снаоѓаат и во други области

„Од редовните сметки за работењето на партиите недоследности има во сите,“

велат во Транспарентност. А додека селото гори, државната изборна комисија имаше тешка сантиметарска битка во која заиграа и училишните лењири. Компромис сепак беше најден, и како во рекламите упатени до припадниците на посилниот пол, нашето гласачко ливче беше успешно продолжено за неколку сантиметри.

Наместо заклучок. Ситуацијата во Македонија деновиве заличува на онаа од дарквудската шума. Оние кои читале стрипови се сеќаваат дека таму секогаш кога имаше проблеми Духот со секирата со помош на итриот врач изведуваше некое наивно трикче со кое пред племенските главатари си го докажуваше својот авторитет и го решаваше спорот меЃу закараните племиња. Се надеваме дека и кај нас ќе се најде некој Загор те неј. Додека не е предоцна. Ако веќе и не е.
XS
SM
MD
LG