Достапни линкови

На одбележувањето присуствува и американскиот претседател Џорџ Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш по вчерашниот американско европски самит денеска престојува во Будимпешта каде што ќе им одаде почит на жртвите на 50 годишнината од Унгарската револуција. Буш ќе се состане и со претседателот, премиерот и други владини преставници на Унгарија кои очекуваат разговори за визниот режим како и други прашања.

На 4 Ноeмври 1956 година Будимпешта беше нападната.

„Во раните утрински часови Советските трупи го нападнаа главниот град на Унгарија со цел да ја отфрлат законската демократска влада на земјата. Нашите трупи се во борба со Советските сили. Владата е на своето место.“

Ова беше гласот на тогашниот унгарски премиер Имре Наќ. Кога Советите го скршија унгарскиот отпор тој беше уапсен и две годни подоцна и егзекутиран со бесење. Денеска на Наќ и на сите жртви на унгарското востание против комунизмот им се одава почит и тоа е причината за посетата на Будимпешта на американскиот претседател Џорџ Буш. Неговиот советник за национална безбедност Стивен Хедли пред патувањето изјави:

„Да постави венец на вечниот оган во чест на сите оние кои ги изгубија животите во 1956 во револтот против комунизмот. Тој ќе ја истакне и важноста од унгарската извонредна транзиција како предност и при натамошните реформи во регионот.“

Токму економијата и влошениот животен стандард беа некои од причините кои доведоа до востанието во Унгарија во 1956 година. Смрта на Јосиф Висарионовиќ Стаљин три години подоцна, беше охрабрување за некои комунистички партии во Источна Европа да развијат реформски крила со што се отвори прозорецот на промените. Како и да е, како што вели Атила Ленгејл од Балаши Валиант инстутутот во Будимпешта востанието беше силна порака:

„Илузијата на реформираниот комунизам и комунизмот со човечки лик веројатно беше уништена засекогаш. Затоа унгарската револуција беше многу повеќе од еден револуционерен настан, бидејки пораката се испрати надвор од нејзините граници.“
XS
SM
MD
LG