Достапни линкови

ЕУ има водечка улога во стабилизацијата на Балканот, а САД ја поддржува


Европско-американскиот самит автстрискиот канцелар Волфганг Шисел го оцени самитот како „многу плоден“. Лидерите на денешниот самит зборуваа и за Балканот при што американскиот претседател Џорџ Буш истакна дека Европската Унија има водечка улога во стабилизацијата на Западниот Балкан и оти Америка ќе ја подржува во тоа. Тој исто така истакна дека процесот на евроинтеграција е важен потик за земјите од Западен Балкан за развојот на демократијата, и порачка дека Соединетите држави го подржуваат процесот за натамошто проширување на Унија. Од останатите теми американскиот претседател и европските лидери зборуваа за иранската нуклеарна програма, ситуацијата во Ирак, Блискиот Исток, но прашањето за американската база Гванатаномо, како и за тајните активности на ЦИА во Европа. Во врска со нуклеарната програма на Иран, австрискиот канцелар Шисел изјави:

„Едно од врните прашања за кои интензивно разговаравме се нашите напори да го задржиме иран од продуцирање на нукеларната програма. Дојдовме до крстопат по прашањето на иранскта нуклерана програма иако можеби имаме некои различни пристпаи тоа не треба да фрла сенка на квалиттто на наштие односи.“

За истото прашање, иранската нукеларна програма американскиот претседател Џорџ Буш повика на ,,заеднички дипломатски фронт,, за да се натера Техеран да се откаже од нукеларните амбиции и притоа го обвини Иран дека намерно одлговлекува со одговорот за пакетот предлози од меѓународната заедница, за кои иранските власти денеска соопштија дека ќе одговорат на 22 август.
Зборувајќи пак за американската база Гвантанамо на Куба, пак Буш истакна дека може да ја разбере меѓународната загриженост во врска со затворот. Тој додаде дека сака да ја затвори базата и да ги врати затворениците во своите земји, но истакна дека некои од затворениците се ,,ладнокрвни убијци,, кои мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

За ситуацијата во Ирак, што е уште една контроверзна тема меѓу Европа и Соединетите држави американскиот претседател изјави дека Багдад сеуште има потреба од помош од Европската Унија и Соединетите држави:

„Видете јас целосно разбирам дека ние имаме разлики околу Ирак и можеам да ги разберам тие разлики. Но, што е минато е минато, а се надевам дека демократија е иднина за блискиот Исток и се надевам дека владата на Малики во Ирак ке успее.“

Буш за прашањето за Северна Кореа рече дека нејзините намери да тестира проектил со долг дострел се возменирувачки и ја повика земјата да ги почитува меѓународните договори.
XS
SM
MD
LG