Достапни линкови

Виена: Посета на американскиот претседател Џорџ Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш и државниот секретар Кондолиза Рајс на почетокот на самитот Соединети Држави – Европска Унија, се состанаа со австрискиот државен врв. Потоа следуваат средбите со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со евро-комесарот Хавиер Солана. Како што е најавено, главни теми на разговорите се иранската нуклеарна криза, ситуацијата во Ирак, анти-терористичката кампања, економската соработка, а европски претставници изјавија дека ќе ги отворат прашањата за затворот Гвантанамо, како и за тајните летови на ЦИА во Европа.
XS
SM
MD
LG