Достапни линкови

Страст или борба за власт?


Бучковски ќе гледа фудбал во некое скопско кафуле, Силвана Бонева пак во Кавадарци кое се наоѓа во изборната едница во која е носител на листата. Дополнител декор на овие избори кои се погодија во тек на светското првенство се и насмеаните лица на политичарите кои на јавни места и со граѓаните следат барем еден натпревар дневно.
Фудбалот стана интересен сега во предизборниот период кога секој глас е важен за нив или пак е страст од одамна? Силавна Бонева од ВМРО ДПМНЕ вели

„Во моменти кога семејството беше собрано заедно, особено порано на светските првенства навивавме за Бразил, а во поново време за Германија.“

И претседателот на СДСМ Владо Бучковски во неодамнешното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека одамна го следи овој спорт. Кампањата пак ја концепирале според случувањата во Германија:

„Во термините помеѓу трите натпревари се главните политички настани тоа значи до 15 часот теренски активности, потоа од 17 часот до 18 часот и главниот термин е околу 21 часот.“

Но дали преку фудбалот тие очекуваат и повеке да се зближат со народот

„Апсолутно и тоа е начин да се зближиме и да разговараме со луѓето што ги интересира спортот.“

вели Бонева.

И во албанскиот блок партии кои деновиве повеќе се актуелни со инцидентите и насилтвата отколку по средбите со граѓаните велат дека во својата дневна предизборна агенда имаат и следење спортски натпревари:

„Јас мислам дека тоа е еден од начините за зближување и секако дека секој што излегува на избори се надева на глас.“

вели Абдулади Вејсели од ПДП.
Според професорот Димитар Мирчев пак политичарите не би требало да очекуваат глас повеке од спорсткото зближување

„Не верувам дека тоа ќе има влијание кај нас, бидејќи ние и без тоа не учествуваме на тоа првенство. Секако може да влијае на помала излезност на изборите, бидејќи се поклопуваат со завршниот ден.“
XS
SM
MD
LG