Достапни линкови

Њујорк: Седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Во Њујорк денеска ќе биде одржана седница на Советот за Безбедност посветена на остварувањето на стандардите во покраината. Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, како што се јавува, ќе извести за напредокот при што ќе нагласи дека состојбата е подобрена по изборот на новата владеачка гарнитура. Ставот на Белград дека евентуалната независност на Косово би предизвикала домино ефект и дестабилизација во регионот пред Советот за Безбедност ке го изнесе претседателот на Координативниот Центар за Косово Санда Рашковиќ Ивиќ. На денешната седница за прв пат земјите членки ќе бидат информирани за директните разговори меѓу Белград и Приштина за децентрализацијата и културното наследство, а според најавата на специјалниот партеник Марти Ахтисари, разговорите за статусот се очекуваат во средината или кон крајот на јули.
XS
SM
MD
LG