Достапни линкови

По традициja, пред избори најлесно се наоѓа работа со партиска книшка


Јас сум една од среќните луѓе кои имаа можност да се вработат без помош од роднини или пријатели, раскажува 25 годишната Тодорка Митева. По големиот број на конкурси на кои учествувала, еден ден и се јавиле за да и соопштат дека влегла во најтесниот круг на потенцијални кандидати. Наградата се разбира била, ново работно место.

„Мислам дека имав среќа, бевме повеќе луѓе, од коишто само јас и една колешка излеговме.“

Приказната пак на Катица Петкова е поинаква. По завршувањето на високото образование, таа избрала поинаков начин за да дојде до работа.

„Веднаш по дипломирањето имав среќа да тропнам на вратата на раководителот, првата година волонтирав за да го покажам мојот квалитет.“

Не е мал бројот на оние кои сметаат дека во Македонија, квалитетните и талентирани луѓе, тешко наоѓаат работа. Ако немате човек кој ќе ве препорача или ќе ви договори средба со претпоставениот, немојте да се надевате на работно место, раскажуваат нашите соговорници. Повеќето од нив потенцираат дека честопати партиската припадност е
клуч за добивање на работното место.

„Добрата препорака, врските, па дури и партиската припадност влијаат за вработување.“
„Чисто партиски, политички, семејни или било какви препораки.“


Дарко Велков, менаџер во агенцијата Вработување-берза, информира дека во изминатата година со помош на оваа агенција, се вработиле околу 300 луѓе. Најголемиот дел од нив се вработиле во мали или средни претпријатија. Еве каква е постапката за кандидатите кои ќе се одлучат да побараат работа преку ваква агенција.

„Доаѓа кај нас особа која бара работа, остава си ви, имаме побарувања од менаџерот за способностите или вештините, имаме луѓе со тие вештини, и софтверски правиме селекција на луѓето што ги поседуваат тие вештини.“

Според досегашните искуства, најмногу вработувања има пред избори. Само во
изминативе неколку дена, беа отворени конкурси за вработување во повеќе јавни претпријатија во земјава.
XS
SM
MD
LG