Достапни линкови

logo-print

Одговара ли некому забавување на македонската евро атлантска интеграција?


И покрај заострувањето на казнената политика за сторителите на нерегуларности за време на изборите, низата на повици за одржување на фер и демокртаски избори од претставниците на мегународната заедница, бидејки како што велат овие избори се клучен тест за македонското приблжување кон евроатлантскте интеграции, секојдневно има инциденти. Синоќа бил нападнат градоначалникот на Сарај Имер Селмани кој е од ДПА, а и кандидатот за пратеник од ДУИ, Скендер Џемаили. Зошто се случуваат инциденти, му одговараат ли некому?

„Мислам дека на никого во Македонија ова не му одговара. Ова во никој случај не е смислено да се успори македонската интеграција во ЕУ. Зошто се случува? Затоа што претпоставувам дека политичките лидери од албанскиот блок не може да ги смират страстите на своите членови кои се активни на теренот,“

изјави Дане Талески од Институтот за демократија. Аналитичарот Хисен Рамадани смета дека инцидентите се резултат на атмосферата што се создава, бидејќи партиите ја сфакаат власта само како инструмент за остварување на потесните интереси и не размислуваат пошироко како на пример за евроатлантсаката интеграција:

„Кампањата почна прерано и со самиот почеток имаше негативен набој во излагањата, односно во проектите.“

Претставниците на политичките партиите пак мегусебно се обвинуваат

„За жал, изгледа некому му пречи европска перспектива на Македонија,“

изјави Џевад Адеми од ДУИ.

Рамадани смета дека политичките претставници треба ад напарават се за да се надминат вакви појави

„Да се преземат мерки, и да се формираат посебни групи за нивно делување на теренот за негативните набои да се надминат и да се сфати дека и евентуално подметнување на другата страна на такви инциденти е де факто против нив.“

Претставниците на мегународната заедноца велат рано е за заклучоци:

„Морам да ви кажам дека ние сме загрижени за овие инциденти, но рано е за заклучоци треба да ставиме акцент на фер и демокртаски избори.“
„Мислам дека е премногу рано да ја коментираме изборната акмпања, таа официјално трае само нелолку дена, треба да видиме како ке се развива ситуацијата“


изјавија Андреа Анџели од канцеларијата на Европската унија во земјава и Урдур Гунарсдотир портпарол на ОДИХР.
XS
SM
MD
LG