Достапни линкови

Војна на копачките


Светското фудбалско првенство во Германија веќе ни стана секојдневие. А со тоа и дресовите и патиките, односно спортската опрема со која настапуваат фудбалерите. Велат дека тука всушност била вистинската индустрија. Германската новинска агенција Де Пе А деновиве издаде текст во кој под насловот Војна на копачките се осврнува врз двете големи спорстки компании Адидас и Пума.

Компанијата Адидас била формирана по Првата светска војна од Адолф Даслер кој во перланата на неговата мајка почнал да произведува спортски патики. Во тоа му помагале и татко му Кристофер и брат му Рудолф кој потоа се одвоил од него. Легендата вели дека до разијдувањето меѓу браќата Даслер дошло во Втората светска војна за време на еден воздушен напад на британската авијација кога Ади во моментот кога Рудолф и семејството одел во скривница рекол дека сака овие копилиња да си одаст дома. Никогашн никој веќе не успеал да го убеди Рудолф дека неговиот брат мислел на британците, а не на него. По војната тој ја формирал компанијата Пума и од тогаш е во војна со фирмата на брат му. Центрите на двете компании е во баварското гратче Херцогенаурах, дваесетина километри северозападно од Нирнберг. Сите овие години градот е целосно поделен меѓу двата табора. Вработените во Пума и во Адидас не се женат меѓу себе, нивните деца не другаруваат, а и точно се знае во која кафана пијат пиво едните, а во која другите. На оваа светско првенство двете фирми влегоа како да станува збор за пресудна битка. Официјалната топка е на Адидас, но дресовите на Пума ги носат повеќе репрезентации, вкупно дванаесет, што е за два пати повеќе од оние тимови кои на терените трчаат со патиките и опремата на Адидас. Германија, Франција, Аргентина, Шпанија се некои од нив. Пума пак, суверено владее на африканскиот пазар, но и во Италија, Чешка, Швајцарија, Иран. Вработените во Пума пак, велат дека нивнта фирма ги измислила патиките со крампони, познати како фудбалски копачки. Тоа постојано се демантира од Адидас кои се горди на фактот дека со нивните патики Германија успела да стане светски првак на шампионатот во илјада деветстотини пеесет и четвртата година во Швајцарија. И покрај ваквите караници, двете фирми заработуваат огромни пари. Еве како нивната кавга изгледа кога е преточена во бројки. Во минатата година Адидас, која вработува над дваесет и пет илјади луѓе во светот лани забележа профит од скоро седумстотини и седумдесет милиони евра, додека седумте илјади вработени во Пума во истата година заработија околу двесте и деведесет милиони евра.
XS
SM
MD
LG