Достапни линкови

Свет: САД, ЕУ, ОН и Русија се согласиле околу планот за испраќање помош за Палестинците


Соединетите држави, Европската Унија, Обеднетите Нации и Русија, соопштија дека се согласиле околу планот за испраќање на помош за палестинците, вон Владата на Хамас. Земјите познати како Четворка за Блискиот Исток, соопштија дека го прифатиле планот на Европската Унија за привремен механизам за помош на здравството, стопанството и социјалната грижа за сиромашните палестински семејства. Претходно, палестинскиот претседател Махмуд Абас оцени дека помошта, која се предвидува да биде доделена вон владата на Хамас, претставува ,,чекор напред,, но оти не е е адекватна. Меѓународната заедница, ја суспендира помошта за палестинците, откако милитантната организација Хамас дојде на чело на палестинската Влада.
XS
SM
MD
LG