Достапни линкови

Токио: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН ако Северна Кореа тестира проектил


Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Асо изјави дека Јапонија ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, доколку Северна Кореа изврши тестирање на проектил со висок дострел. Предупредувањето беше испратено денеска, по информациите дека Пјонгјанг се подготвува за тестирање на интерконтинентални проектили. Освен Јапонија и Соединетите држави испратија предупредување до Северна Кореа, истакнувајќи дека доколку се случи тестирање на проектил со висок дострел, таквиот чин би се протолкувал како ,,провокација,,.
XS
SM
MD
LG