Достапни линкови

logo-print

Шангај: Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на самит во Шангај


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска побара од членките на Шангајската организација за соработка да им се спротивстават на, како што ги нарече, силите кои сакаат да доминираат во меѓународните односи. На самитот во Шангај учествуваат лидерите на неколку азиски земји, меѓу нив, и на Кина и на Русија. Шефот на руската држава Владимир Путин веќе имаше средба со Ахмадинеџад и по неа изјави дека Иран има право да развива нуклеарна технологија доколку таа не претставува закана за светскиот мир.
XS
SM
MD
LG