Достапни линкови

Соучество во американската програма за префлување осомничени лица за тероризам во тајни затвори


Амнести Интернешнл обвини неколку европски земји, меѓу нив и Македонија, за соучество во американската програма за префрлување осомничени лица за тероризам во тајни затвори. Амнести побара од Европската Унија да покрене испитување за ваквите случаи.

Амнести Интернешнл, организација за човекови права со седиште во Лондон, прецизира дека четири членки на Европската Унија: Британија, Германија, Италија и Шведска и земјите кои не се дел од Унијата: Македонија, Турција и Босна и Херцеговина биле вмешани во шест случаи на префрлување затвореници. Во извештајот насловен како: ,,Партнери во злосторство: Европската улога во американската програма за префрлување затвореници,, овие земји се обвинуваат за тоа што ги замижале очите пред ваквата активност која била организирана од американската Централна разузнавачка агенција ЦИА. ,,Тие земји го прифатија приодот ,,ништо не гледам, ништо не слушам,, вели Клаудио Кордоне, директор во Амнести Интернешнл, додавајќи: ,,Европа често е претставувана како пример во почитувањето на човековите права. Но, вознемирувачка вистина е што без помош на Европа некои луѓе сега не би страдале поради тортура во затворски келии ширум светот,,. Според Кордоне, Европските држави не треба да го скриваат своето соучество во ваквите акции. Амнести наведува дека меѓународното право предвидува дека државите кои знаеле или би требало да знаат дека луѓе се превезувале во земји кои претставуваат ризик за човековите права би требало да сносат кривична одговорност. Затоа Амнести Интернешнл ги повикува лидерите на Европската Унија кои се состануваат утре и задутре во Брисел да оценат дека авионските летови на ЦИА во кои биле превезувани затвореници се неприфатливи. ,,Сегашното одбивање на европските земји дека биле вмешани во префрлувањето луѓе претставува сериозен проблем на само за кредибилитетот на Европската Унија, туку и за ефикасноста во самите антитерористички напори,, оценува Амнести Интернешнл во чиј извештај се наведува дека Унијата на смее во иднина да дозволи аеродромите на нејзина територија да се користат за такви цели. Исто така е упатен апел, за ова прашање евролидерите да разговараат со американскиот претседател Џорџ Буш при нивната средба со него на дваесет и први овој месец цо Виена. Амести бара и од Советот на Европа да ја продолжи работата во откривањето на ваквите случаи.
XS
SM
MD
LG