Достапни линкови

Парламентот треба да има поголема независност


Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски извештајот за работата на четвртиот пратенички состав го сублимира во книга објавена на македонски и на албански јазик и на це де. Тој би сакал и новиот собраниски состав да продолжи со практиката на информирање на јавноста преку веб страницата, на која тој и посветил многу енергија. Во 2002-рата во парламентот беа застапени 7 политички партии, на крајот од мандатот вкупно се 12 партии. Јордановски рече дека тоа што Собранието останува без новоименуван претседател не претстаува уставна блокада зашто секогаш 20 пратеника можат да свикаат седница. Сепак, негов став е дека Парламентот не смее ниту еден ден да мине без претседател. Јордановски не се согласи со новинарската констатација дека овој собраниски состав имаше голем проблем со обезбедувањето кворум за работа. Вашата перцеција е погрешна, Собранието донесе околу 800-тини закони, со што одигра битна улога во евроинтегративниот процес и одржа 136 седници, рече Јордановски. Сепак тој жали што не се донесе нов деловник како и закон за собранието.Палраментот треба да има поголема независност, сопствен буџет и целата зграда да е само Собрание, рече Јордановски. Ди џеј президент, це-де то со негов избор на музички нумери кое тој им го подари на пратениците, е епизода поради која сега Јордановски ќе биде попретпазлив. Тој не знаел дека песните што тој ги ,,изрежал” подлежат на авторски права, па дури, како што рече „и еден Бетовен или Моцарт”.
XS
SM
MD
LG