Достапни линкови

Вашингтон продолжува со подршката на Ирак, изјави Буш на средбата со ирачките претставници


За време на посетата на Багдад, Буш се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики, со членовите на новата ирачка владата, а неговата посета е искористена и за средби со американските сили во Ирак. Седејќи покрај ирачките лидери во Багдад американскиот претседател Џорџ Буш изјави:

„Јас сум импресиониран од составот на владиниот кабинет. Имате луѓе од сите делови на земјата, претставници на различни религии и различни истории.“

изјави Буш кој ја повтори подршката на Вашингтон до Ирак:

,,Исто така дојдов да ви кажам дека кога Америка ќе даде збор, тој збор и го одржува. Тоа не е само во интерес на ирачкиот народ, туку е и во интерес на американскиот народ и за луѓето кои ја сакаат слободата.“

додаде Буш. Американскиот претседател пристигна на Багдадскиот аеродром под силно обезбедување, од каде со хеликоптер беше префрлен во безбедносната „Зелена Зона“ во градот. За неговата ненајавена посета на Ирак, од безбедносни причини знаеле само неколку негови советници. Посетата на Буш доаѓа само неколку дена по убиството на лидерот на Ал Каида во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави, од страна на ирачките и американските сили. Американскиот претседател последен пат го посети Ирак во ноември 2003-та година.
XS
SM
MD
LG