Достапни линкови

Добра препорака за идно вработување


Се помалите шанси за вработување на неопределено време е главната причина поради
која младите луѓе во земјава ги прифаќаат краткорочните ангажмани. Дел од нив раскажуваат дека привремените вработувања не ретко им помогнале да добијат добра препорака за идно вработување.

„За кратко време се запознаваш со голем број луѓе со кои си во контакт,“

вели Катерина Петрова која во моментот е на привремена работа во една невладина организација. Повеќето млади кои работат со договор на определено време, велат дека тој начин на работење е можност за стекнување на несекојдневни пријателства и нови работни искуства.

„И јас мислам дека тоа е добра шанса за стекнување нови познанства и стекнување контакти и мислам дека е добра работа и може да донесе вработување.“
„Ми одговараат повеќе краткорочни задолженија, поинтересни се, долгорочните стануваат рутина.“


Овие млади луѓе не ја исклучуваат и финансиската исплатливост како една од главните
причини поради кои се одлучуваат да работата краткорочно.

„Ова ми е добра шанса за стекнување со пари за одмор.“
„Подобро платени се и подобри за работа.“


Зоран Трајковски е млад човек чии работни ангажмани во неколку меѓународни оерганизации во последните неколку години не биле подолги од шест месеци. Еве ги причините поради кои тој избрал да работи на определено време.

„По природа сум авантурист и сакам повеќе предизвици истовремено. Би сакал да работам на повеќе места, и повеќе функции на пократкорочни договори.“

Една од клучните цели на програмата за развој на Обединетите Нации во земјава е економски развој. Проектите за создавање на краткорочни вработувања за млади луѓе е само еден од начините со кои мисијата на УНДП во земјава се обидува да помогне во подобрување на економската состојба.
XS
SM
MD
LG