Достапни линкови

Парламентарните избори најважниот тест за евроатлантската перспектива


Претстојните парламентарни избори ќе бидат најважниот тест за Република Македонија и за нејзината евроатлантска перспектива, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер по средбата со претседателот на Владата на Република Македонина Владо Бучковски.

„Петти јули е периодот кога треба да го направите најзначајниот напредок. Јас сум сто проценти неутрален, но можам да кажам дека најважниот тест ќе биде одржување на 110 проценти целосно слободни, мирни и фер избори. Убеден сум дека ќе успеете и дека ќе покажете оти тоа е можно,“

изјави Де Хоп Шефер.

Со таквата констатација се согласи и премиерот Бучковски. - Вистинскиот тест за тоа дали Република Македонија ќе има атлантска или евроатлантска перспектива ќе бидат парламентарните избори. Јас сум убеден дека граѓаните на Република Македонија со притисокот кој ќе го извршат на политичарите ќе направат атмосфера во која на крајот секој ќе биде подготвен да ги признае резултатите и да му честита на оној кој ќе има најдобар резултат, посочи Бучковски.

Шефер истакна дека македонија има уште работра на патот кон НАТО, но оти е на добар пат да го постигне тоа. На годинашниот Самит на Алијансата во Рига, Шефер пососочи оти ќе стане збор и за состојбата во регионот и за останатите земји опфатени со Акциониот план за членство во НАТО. - Доколку Република Македонија продолжи со реформите сојузниците на Самитот во Рига ќе може да дадат позитивен сигнал за нејзиното зачленување. Не можам да кажам однапред, но убеден сум дека сигналот ќе биде позитивен, рече генералниот секретар на НАТО.

На средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковск, генералниот секретар на НАТО, Шефер го изрази своето уверување дека Република Македонија и во наредниот период ќе остане фокусирана на потребните реформи, како што тоа го правеше и во изминатите години. Квалитетот на претстојните избори, според Шефер, ќе претставува исклучително важен критериум за оценката на НАТО, која ќе биде соопштена на самитот во Рига во ноември оваа година за натамошното интегрирање на Република Македонија во Алијансата. Притоа, нагласи Шефер, исклучиво индивидуалните постигнувања на земјите- кандидати во процесот на трансформација ќе бидат земени предвид.

На крајот, двајцата соговорници го изразија своето убедување дека на самитот во Рига ќе бидат потврдени досегашните постигнувања на Република Македонија и ќе биде искажана натамошна целосна поддршка на овој процес кој треба да заврши со наше членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG