Достапни линкови

Техеран: Иранската влада соопшти дека не може да преговара за развој на нуклеарната програма


Иранската влада соопшти дека не може да преговара за развојот на нуклеарната технологија во Иран, вклучувајќи го тука и збогатувањето ураниум. До ова соопштение дојде само неколку часа пред денешната седница на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена на која главната тема е иранската нуклеарна програма. Петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Германија во минатата недела му понудија преговори на Техеран со цел таа земја да го прекине процесот за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG