Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Случај Хадита во кои загинаа 24 ирачки цивили


Американски наредник кој ја предводел единицата маринци во ирачкиот град Хадита изјавил дека не постои никаква поврзаност на единицата со наводниот масакр во кој беа убиени 24 цивили од градот. Како што пишува ,,Вашингтон Пост,, наредникот Френк Вутерич му рекол на својот адвокат дека немало масакр поради освета во Хадита и дека единицата ги следела наредбите при акцијата во која било одговорено на нападот откакот врз нив бил отворен оган од една куќа. Американските сили започнаа истрага за да се утврди дали маринците смислено ги убиле цивилите во Хадита, како освета за убиството на еден американски војник.
XS
SM
MD
LG