Достапни линкови

logo-print

Скопје: Утре доаѓа генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер


Утре во посета на Македонија ќе претстојува генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, на покана од премиерот Владо Бучковски. Како што е најавено Бучковски и Шефер ќе разговараат за интегрирањето на Македонија во НАТО, реформите за членство во Алијанста, состојбата во регионот и соработката на земјите од Јадранската група во борбата против тероризмот. Предвидено е генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер да се сретне и со претседателот Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG