Достапни линкови

Техеран: Меѓу предлозите има и некои што не се прифатливи


Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Хамид Реза Асефи изјави дека Иран не сака да одолговлекува со одговорот околу пакетот мерки на меѓународната заедница за решавање на прашањето со иранската нуклеарна програма. Тој истакна дека иранските власти веќе започнале да ги разгледуваат предлозите што мината недела им беа доставени. Според Асефи, некои точки се прифатливи, некои се нејасни, но додаде дека меѓу предлозите има и такви што не може да бидат прифатени. ,,Ќе одговориме во врска со овие предлози, по што ќе понудиме и наши предлози,, соопшти Асефи.
XS
SM
MD
LG