Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Џорџ Буш изрази загриженост по самоубиството на тројца затвореници од Гвантанамо


Американскиот претседател Џорџ Буш изрази ,,сериозна загриженост,, за самоубиството на тројцата затворенци од базата Гвантанамо на Куба. Американски претставници соопштија дека ова се први самоубиства во затворот Гвантанамо, каде се затворени лица осомничени за тероризам. Хјуман Рајтс Воч и Амнести Интернешнал критикуваат на непостоењето на права за затворениците и бараат базата да биде затворена. Затворениците од кои двајца Саудијци, а еден од Јемен беа пронајдени синоќа во своите ќелии по самоубиството, кое како што соопштија американски претставници, најверојатно го извршиле со импровизирани јажиња направени од нивната облека и креветски чаршафи.
XS
SM
MD
LG