Достапни линкови

Србија се обидува да ја избегне ситуацијата на целосен губитник по референдумот во Црна Гора


Србија се обидува да ја избегне ситуацијата на целосен губитник и затоа по црногорскиот референдум се јавија слични барања во Република Српска и меѓу србите на северот на Косово, иако во овој момент не е јасно дали зад сето тоа стои Белград. Ова за Радио Слободна Европа го изјави Луција Монтанаро Јанковски аналитичар на центарот за Европска политика во Брисел.

Луција Монтанаро Јанковски аналитичар на центарот за Европска политика во Брисел ,сепак, смета дека е исклучена можноста за енклави на Косово или одвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина. Српското Собрание не прогласи независност туку само констатираше дека е наследник на заедницата со Црна Гора, бидејки во партијата на премиерот Воислав Коштуница сметаат дека Србија веќе два века е суверена држава и оти нема потреба државноста да се обновува.

„Собранието на Србија реагираше на дипломатскли начин. Во Белград постои страв дека независноста на Црна Гора ќе ги потикне аспирациите на другите за осамостојување, односно дека пред се тоа ќе ја олесни и забрза независноста на Косово. Затоа потегот на српскиот парламент има повеќе реторичка природа и се обидува да ја минимизира, да речам, одлуката на Црна Гора за независност.“

Јанковски вели дека постои голема загриженост за безбедноста на малцинствата на Косово, како и страв дека во случај на незавиосност косовските срби масовно ќе тргнат како бегалци од северот на Косово кон Србија. Затоа и ова прашање толку се потенцира во преговорите. Дали е ова последен обид за србите во Босна и оние од Косово и дали е компензација за Белград во процесот на распад на бивша Југославија, Луција Монтанаро Јанковски од центарот за Европска политика во Брисел вели.

„Сметам дека црногосркиот референдум носеше предвидлив ризик во смисла на потик на слични амбиции на Косово, за поголем степен на автономија на тамошните срби и нивни потесни врски со Србија. Слични се тежненијата на србите од Босна и Херцеговина. Не е јансо дали во овој момент зад тоа стои официјален Белград, но Србиа се обидува да ја избегне ситуацвијата на целосен губитник и да гио спаси образот. Меѓутоа смета дека е речиси исклучена можноста за создавање српска енклава на Косово и одвојување на Република Српска од Босна и Херцеговина.“

Што се однесува до Косово, Јанковски вели дека клучна е децентрализацијата и правата кои во тој контекст ќе ги добијат малцинствата.
XS
SM
MD
LG