Достапни линкови

Западен Брег: Махмуд Абаз ќе повика на референдум за поддршка на палестинска држава покрај Израел


Претседателот на Палестинската власт Махмуд Абаз денеска ќе издаде декрет со кој ке повика на референдум за подршка на воспоставување палестинска држава покрај Израел. На референдумот му се противи владеачкиот Хамас кој одбива да го признае постоењето на Израел. Во меѓувреме Хамас соопшти дека истрелал ракети кон Израел за прв пат по речиси 18 месечното примирје како одговор на вчерашниот израелски напад во Газа при што загинаа 7 лица, меѓу кои, неколку деца. Израел соопшти дека само една ракета паднала на израелско тло, без да причини штета. Хамас е обвинет дека и претходно е директно вмешан во акции против Израел, а за случајот во Газа е наредена истрага. Инаку, за израелскиот премиер Ехуд Олмерт референдумот е бесмислен и дел од внатрешна палсетинска фракциска игра. Тој изјави дека не верува дека актуелното палестинско раководство е способно за преговори во врска со неговиот план за израелско повлекување од дел од Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG