Достапни линкови

Багдад: Полициски час во Багдад и Бакуба


По убиството на шефот на Ал Каида во Ирак Ал Заркави и по бранот бомбашки напади, ирачката влада воведе полициски час во Багдад и Бакуба. Во нападите со автомобили бомби, кои беа изведени веднаш по објавувањето на смртта на Ал Заркави, загинале четириесетина луѓе. Американските сили во Ирак соопштија дека очекуваат уште напади на припадници на Ал Каида со цел да покажат дека нивната организација се уште постои.
XS
SM
MD
LG