Достапни линкови

Почеток на 18-тото светско фудбалско првенство


Конечно, почнува Осумнаесетиот Светски фудбалски куп. Во наредните триесет дена во Германија националните тимови на триесет и две земји, во шеесет и четири натпревари, ќе играат со единствена цел: да го освојат највредниот трофеј во најважната споредна работа во светот. Свечената церемонија на отворањето во Минхен е заедно со мечот меѓу домаќинот Германија и Костарика.

Германија се надева дека домашниот терен ќе и биде од помош во намерата по четврти пат да стане светски фудбалски првак. Но, тука е актуелниот првак Бразил кој пак, доколку успее, тоа ќе му биде шеста титула светски фудбалски шампион. Дали е тоа возможно?

„Како воопшто го поставувате тоа прашање. Сигурно е дека Бразил ќе го освои Светскиот куп.“

Вели еден од бразилските навивачи кои веќе неколку дена играат самба по улиците на Минхен. Други пак го надополнуваат:

„Дали воопшто знаете што зборувате. Ги имаме Кака, Роналдињо, Адријано, Карлос, Кафу.“

Ако се обидете да се пошегувате и бразилците ги прашате кој е Роналдињо тие велат:

„Кој е тој. Најдобриот на светот. Бразил, светски шампион. Ајде сега да играме самба.“

Минхен, како и цела Германија одамна живее со фудбалот и со оние што се собрани од целиот свет да го проследат Светскиот куп. Плоштадите се полни со луѓе обвиткани со нивните национални знамиња и со лица во боите на нивните земји. Ги има од секаде. Во прослава на фудбалот без оглед дали репрезентациите им победуваат или не. За тоа се подготвени и плоштадите со големи сцени и видео бимови на кои освен фудбал ќе има музика и секако реклами.

Романо Фрацини кој е кувар во Минхен вели дека е среќен што конечно може да ги види улиците на Минхен полни со живот:

„Повеќе еуфорија, повеќе туризам. Повеќе народ. Се надеваме и на повеќе убавина. Ние сме подготвени за Светскиот куп.“

Американските федерални агенти, во рамките на неколкудневната акција за откривање илегални имигранти уапсиле неколку десетици луѓе од Балканските земји. Акцијата била изведена во државата Мичиген и за над шеесет лица, од десет до шеесет годишна возраст, сега била во тек постапка за депортирање од Соединетите Држави. Федералците прецизирале дека повеќето илегалци биле од Албанија, а имало и десетина од Македонија. Некои од нив престојувале во Америка повеќе од шест години.
XS
SM
MD
LG