Достапни линкови

logo-print

Туристите ги интересира природното богатство


Македонија е богата со природно и историско богаство а туристите кои доагаат од подалечните земји се заинтересиани за нивна посета. Филип Контевски соптвеник на една туристичка агенција која од скоро како што вели се обидува да донесе руски и американски туристи објаснува дека првите се заинтерстирани за посета на археолошките и историските богтасва, а оние пак кои доагаат од Америка повеке сакаат да се релаксираат на нашите планини.Но тие имаат и свои посебни барања

„Конкретно бараат инфраструктура, да има квалитетно сместување, бараат услови што сеуште не можеме да ги понудиме.“


Дека странците се заинтерестирани за посета на археолошките локалитети потврдува и управителот на Стоби, Стефан Данев.Според нивните податоци локалитеот годишно го посетуваат околку 7000 туристи а најбројни се Јапонците, Амерканците, Гермаците и Италијаците. Тој додава дека на локалитетот во последниве години се направени винарија и туристики павиљон, но сепак потенцира дека недостасуваат уште работи

„Ние мораме да го подобриме и прифатниот дел во поглед на туристите. Да имаме хотел, и да може да ги прифатиме туристите.“

И во однос на планинскиот таканаречен еко туризам кој го спомена сопственикот на агенцијата како цел на Америкаците треба уште да се работи. Фуат Дурмиши градоначалник на општината Маврово Ростуше вели дека во нивната општина во моментов најпосетен е Манастирот Свети Јован Бигорски, но според него странците се заинтересирани и за приордните богаства како водопадите Дуф или пештерата Алилица но до нив нема изградено пат

„Во ниту еден момент не можеме да се ослониме на средства од локалната самоуправа, мора да има помош од буџетот, додека општините не застанат на нозе.“

вели Дурмиши и додава дека посетите на странците се еднодневни но и таму недостасуваат капациети за сместување

„Иако, имаме доста затворени објекти, затоа што луѓето се во странство, но сеуште не сакаат да ги издаваат.“

Според податоците на туристичкиот сојун на град Скопје минатата година Македонија ја посетиле 7548 Американци и 2092 Руси.Од таму велат дека Холаганите повторно покажуваат инетерес, а бројот на Јапонските туристи се зголемува.
XS
SM
MD
LG