Достапни линкови

Како Светските првенства влијаат врз навиките и политичкото секојдневие на некои земји?


Фудбалот е само игра нели? И да и не. Не, ако се има предвид дека најважната споредна работа на светот претставува голем бизнис, а на победникот му носи и одреден политички престиж. Па, ајде да видиме како Светските првенства можат да влијаат врз навиките, но и врз политичкито секојдневие на некои земји.

Постојат, по се изгледа две големи прашања кои се поврзани со годинашниот Светски куп во Германија. Првото е: Може ли некој да го победи Бразил? И второто: Дали тој ќе дојде или не? Под тој се подразбира Махмуд Ахмадинеџад, претседателот на Иран. Неговото можно присуство на натпреварите на националниот тим во Германија предизвика контроверзи, не само поради спорната иранска нуклеарна програма, ами и за неговото негирање на Холокаустот што во Германија, поради нацистичкото минато на таа земја, претставува кривично дело.

Тоа стана големо политичко прашање. Имаме луѓе кои сметаат дека на претседателот на Иран не треба да му се дозволи да дојде во Германија бидејќи го негира Холокаустот. Но, германскиот канцелар Ангела Меркел: Не можам да го спречам, бидејќи тој доаѓа за фудабал. Фудбал си е фудбал.

Вели Роб Хјуз кој е спортски новинар во Интернешнал Хералд Трибјун. Деновиве Ахмадинеџад изјави дека ќе се обиде да да дојде во Германија доколку Иран ја мине првата фаза, квалификациската група во која е уште со Ангола, Португалија и Мексико. Ваквите работи само им носат дополнителни притисоци и на иранските фудбалери:
Ние сме тука да мислиме за фудбал, а не за политика.

Вели вахид Хашемијан, ирански напаѓач кој игра во Германија. Но, според Хјуз, тоа само делумно е вистина. Тој смета дека фудаблот и политиката се повеќе се испреплетуваат.

Фудбалот на некој начин ја има обврската да пренесува добра порака. Токму тоа некогаш се користи од оние што се на власт. Тие ја користат страста на многубројните навивачи.

Фудбалот е толку моќен што може да ја зацврсти или да ја ослаби позицијата на владите и да влијае врз финансиските пазари. По светскиот куп во илјада деветстотини триесет и четвртата година, диктаторот Бенито Мусолини ја искористи победата на домаќинот Италија за да ја зацврсти поддршката од народот. Истото се случи и четири години потоа, по уште едната титула за италијанците. Многумина сметаат дека голема улога во враќањето на самодовербата на германците и во појават на германското економско чудо имаше победата на нивната репрезентација на светското првенство во пеесет и четвртата година. Фудбалот и политиката беа испреплетени и на Мундијалот пред дваесет години. Аргентина со победата врз Англија си ја врати нарушената гордост по понижувачкиот пораз за Фокландските острови. Да не ги спомнуваме победите на Германија пред реунификацијата на земјата во деведесетата година или пак на Франција која стана светски првак со репрезентација составена главно од играчи со африканско или карипско потекло. Посматрачите проценуваат дека од годинашните резултати на Бразилската репрезентација во многу ќе зависи и политичката иднина на шефот на таа држава Игнасио да Силва. Евентуалниот неуспех пак, би бил добар за бразилската економија. Пресметано е дека Бразил, деновите кога игра фудбалската репрезентација, губи по неколку стотици милиони долари. Тогаш скоро никој не оди на работа.
XS
SM
MD
LG