Достапни линкови

Убиен лидерот на Ал Каеда во Ирак Абу Мусаб ал Заркави


Ирачкиот премиер Нури ал Малики на ирачката телевизија објави дека е убиен главниот милитант на Ал Каеда во земјата Абу Мусаб ал Заркави.

„Денеска ал Заркави беше елиминиран“

Според премиерот, ал Заркави загинал вчера во заедничка ирачко американска воена операција северно од Багдад. Командантот на американските сили во Ирак генерал Џорџ Кејси изјави дека ал Заркави бил препознат по ликот и според отпечатоците на прстите. Тој рече дка ловот по главниот милитант на Ал Каеда започнал пред две недели. Американскиот амбасадор во Ирак Зелмај Кализад изјави дека убиството е голем успех, но порача дека тоа нема да ги запре инцидентите во земјата. 40 годишниот сунит од јорданско потекло Абу Мусаб ал Заркави беше познат како предводник во киднапирањата, убиствата и планирањето напади врз ирачките сили во неговата група сунитски екстремисти и странски борци симпатизери на Ал Каеда. Тој се надеваше дека граѓанската војна ќе го направи Ирак неиздржлив за американските сили.
XS
SM
MD
LG