Достапни линкови

Техеран: Разговори за нуклеарната програма без закани и во фер атмосфера


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека заканите не помагаат и оти разговорите околу нуклеарната програма мора да бидат одржани во фер атмосфера. Тој инсистираше дека Иран нема да се откаже од право да користи нуклеарна енергија во мирољубиви цели. Иран во меѓувреме го проучува предлогот на светските сили за запирање на контроверзната нуклеарна програма, а Меѓународната агенција за атомска енергија денеска ќе издаде дополнет извештај за активностите на Иран за збогатување на ураниумот.
XS
SM
MD
LG