Достапни линкови

Техеран: Иран сериозно ќе го разгледа пакетот предлози на меѓународната заедница


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави дека Техеран сериозно ќе го разгледа пакетот предлози од Западот за надминување на кризата со нуклеарната програма. Мотаки денеска телефонски разговарал со јапонскиот шеф на дипломатијата Таро Асо. Делатите за предлозите не се објавени, а германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Иран треба да одговори до крајот на месецов.
XS
SM
MD
LG