Достапни линкови

logo-print

Според законот ниту една институција не ги следи предкампањските активности на партиите


Дел од експертите ги критикуваа партиите кои ги објавија свите изборни програми и слогани поради предвреме започната кампања чиј официјален старт треба да биде идната недела, на 15 Јуни. Друго поважно прашање кое што се отвара од ваквиот однос е финасирањето на кампањите, вели Дане Талески од Институтот за демократија. Според новиот изборен законик, објаснува тој начинот на кој се финансира изборната капања е преку официјалните жиро сметки кои партиите треба да ги отворат 48 часа откако ДИК ке ги усвои нивните кандидатски листи:

„Но тие пари од таа жиро сметка треба да се користат за кампањата која што е предвидена да започне на 15 јуни. Овие активности што се случуваат сега, се закупува медиски простор, се организираат настани, се дистрибураат летоци, значи има најразлични кампањски активности, а не е јасно од каде ги финансираат политичките партии.“

вели Талески и додава дека целта на посебната жиро-сметка е да се има увид колку е потрошено и од каде доаѓаат парите:

„Треба на крајот да се поднесе финансиски извештај до Собранието, до Државниот завод за ревизија и до ДИК.“

Но, овие контроли се однесуваат само на официјалниот дел од кампањата која трае 20 дена и во која партиите не можат да потрошат повеќе од милион и 600 илјади евра. Парите потрошени во предкампањското делување на партиите според законот не е контролирано од ниту една институција:

„Јас мислам дека токму сега се гледа дека тоа е голем пропуст.“

Од партиите пак велат дека воопшто не започнале со кампања. Оливер Шамбевски од ВМРО ДПМНЕ објаснува дека она што тие ќе го презентираат по 15 јуни ќе биде финасирано од членството и донаторите:

„Предизборната кампања мислам дека сеуште не е започната. Ова што сега се случува, јас мислам дека целата македонска јавност е сведок дека се случува во изминатите 4 години и тоа се редовни активности на ВМРО ДПМНЕ.“

И од ДУИ со сличен став. Кампањата ќе се финасира само преку официјалните жиро-сметки:

„Кампањата се разбира е од членството и тоа што веќе е вообичаено, односно секако дека имаме и донации.“

Вели Рафиз Алити од ДУИ.
XS
SM
MD
LG