Достапни линкови

Македонија иако нецелосно, прави напори во борбата против овој вид криминал


Американскиот Стејт Департмент го издаде новиот годишен извештај за трговијата со луѓе во светот. Во него се наведува дека дванаесет земји не преземаат ништо во борбата против овој вид криминал. Македонија е во втората група каде што се сместени земјите чии влади иако нецелосно прават напори да ги спроведуваат минумум стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе.

Во презентацијата на извештајот американскиот државен секретар Кондолиза Рајс оцени дека борбата против трговијата со луѓе е голема морална Американскиот Стејт Департмент го издаде новиот годишен извештај за трговијата со луѓе во светот. Во него се наведува дека дванаесет земји не преземаат ништо во борбата против овој вид криминал. Македонија е во втората група каде што се сместени земјите чии влади иако нецелосно прават напори да ги спроведуваат минумум стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе.обврска на денешнината. Таа изјави дека секоја година околу осумстотини илјади, претежно жени и деца биле принудувани на понижувачка деградација на нивните животи.

„Со именување на секоја земја, пријателска или непријателска, дека може и треба да прави повеќе во борбата против трговијата со луѓе, ние всушност им вршиме притисок да преземаат акција. Со секоја година се повеќе и повеќе влади преземаат мерки за апсење и казнување на извршителите, но и за помош на жртвите да му се вратат на нормалниот живот.“

Извештајот е поделен во три групи каде што последната е онаа за земјите кои не успеваат или не сакаат да се справат со овој проблем. Македонија е во групата два заедно со Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Грција, Србија и Црна Гора. Во делот за Македонија се наведува дека таа е земја од каде што доаѓаат, но иземја на транзит и цел на трговијата со луѓе. Жртвите претежно потекнуваат од Молдавија и Албанија, а помалку од Романија и Бугарија. Шверцот од Македонија се одвивал преку Косово, Србија и Албанија, до западните земји. Стејт Департментот посебно, во групата три издвои дванаесет земји кои не прават доволно за сузбивање на трговијата со луѓе. Меѓу нив се Иран, Узбекистан, Сирија. Американскиот експерт Џон Милер објаснува дека во новиот извештај има некои добри вести, како например зголемување на бројот на казнетите кои биле вклуечни во овој криминален бизнис:

„Додека пред неколку години во светот имаше само неколку стотици пресуди за шверцерите, во минатата година ги имаше над три илјади. Годинава веќе ги имаме околу четири илјади и седумстотини. Тоа е добар знак, но испраќа и порака до сите.“

Вели Милер кој додава дека е забележливо и тоа што многу земји почнале се повеќе внимание им посветвуваат и на напорите за заштита на жртвите од трговијата со луѓе.
XS
SM
MD
LG