Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иран ќе ги разгледа предлозите од Виена


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави дека Иран ќе ги разгледа предлозите на петте земји членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија што беа донесени во Виена, во врска со иранската нуклеарна програма, но додаде дека Техеран има право на нуклеарна програма. Шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана во рамки на турнејата низ Блискиот исток, се очекува да го посети Техеран и на иранските власти да им ги предаде предлозите од Виена.
XS
SM
MD
LG