Достапни линкови

logo-print

Багдад: Четворицата руски дипломати ослободени, јави ирачката државна телевизија


Четворицата киднапирани службеници вработени во руската амбасада во Багдад се ослободени, јави ирачката државна телевизија повикувајќи се на неименувани извори во министерството за внатрешни работи во Ирак. Руското министерство за надворешни работи, сеуште не ја потврди информацијата за нивното ослободување. Инцидентот се случи вчера кога вооружен напаѓач уби еден руски дипломат, а останатите четворица беа киднапирани.
XS
SM
MD
LG