Достапни линкови

logo-print

Скопје: Посета на бугарскиот премиер Сергеј Станишев


Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска во Скопје ќе има средба со премиерот Владо Бучковски, а ќе биде примен и од претседателот Бранко Црвенковски. Двајцата премиери, во близина на граничниот премин Деве Баир, ќе присуствуваат на поставувањето камен темелник за изградба на далновод меѓу Македонија и Бугарија. Во рамките на посетата, министрите за внатрешни работи на двете земји, Румен Петков и Љубомир Михајловски ќе потпишат договор за прекугранична полициска соработка.
XS
SM
MD
LG