Достапни линкови

Нова акција за собирање на оружјето


Во последниов период оружените престрелки се интензивираа. Билансот само од последниот поголем инцидент во скопкската населба Чаир е тројца починати.Во меѓувреме граѓаните по оружје посегнуваа поради место за паркинг или караници за девојка. Иако во Македонија пред три години беше спроведена акцијата за собирање на нелегално оружје „Неопходна жетва“ во која беа собрани 7,751 парчиња оружје сепак невладините орагнизации проценуваат дека меѓу граѓаните сеуште циркулираат околу 120 иљади парчиња оружје. Претседателот на Балканскиот форум за безбедност Благоја Марковски вели дека уличните престрелки се полседица токму на ваквата состојба

„Очигледно е дека Македонија се соочува со проблемот на нелагалното оружје. Треба сериозно да се размисли за организирање акција од поширок обем на која би се собрало нелегалното оружје.“

И Владимир Пандовски од националната асоција за оружје смета дека е неопходна нова акција.Спротивно пак од Марковски тој смета дека претходната ваква акција беше неуспешна

„Затоа што позади неа не застанаа политичките партии. Само искрена и недвосмислена поддршка од страна на политичките фактори и локалната самоуправа, со надминување на етнички или било какви поделби може да даде искрен резултат,“

Објаснува Пандовски и додава дека поголемата ефикасност на полицијата во откривање и санкцинирање на оние кој поседуваат нелегално оружеје или пак веке го искористриле може да даде многу позитивни резулати

„Ние имаме голем број инциденти со неоткриени сторители. Тоа само може да делува стимулативно и понатаму да се прават инциденти, сметајќи дека нема да се откријат.“

Од Министертвото за внатрешни работи пак тврдат дека нивните податоци покажуваат успешност во таа област. Минатата година бројот на откриени случаи кои поседувале оружје или распрскувачки матријали е двојно заголемен за разлика од 2004 година а во првите три месеци од оваа година откриени се 63 лица вели началникот на секторот за односи со јавноста Борче Пешевски.Тој додава и дека бројот на убиства за кои МВР ги открило сторителите е зголемен

„Од годинава регистрирани се 13 убиства, повеќето од нелегално оружје, расветлени се 10, а нерасветлени се само уште три.“
XS
SM
MD
LG