Достапни линкови

Најбитно е зависниците да се обидуваат да се откажат од зависноста


31 Мај е светскиот ден против пушењето и повод многу пушачи да се прашаат како да престанат доколку, нели, имаат желба. Постојат многу помагала, средства, но најбитно е луѓето да се обидуваат, велат упатените во борбата против никотинската зависност и болестите кои се последица кои се последица на пушењето.

Во една мала клиника во предградието на Прага еден млад човек по име Прокоп се обидува да се откаже од пушењето со помош на биорезонантна направа.

„Четири пати се обидов да запрам за овие пет ипол години. И без успех. А за оваа направа дознав од пријателите а потоа прочитав од интернет и си реков да пробам зошто не?“

Станува збор за уште еден непотврден начин за откажување од пушењето. А ги има многу, хипноза, акупунктура, инхалатори, мастики за џвакање или со други зборови како што вели Катарина Лангерова од чешкото здружение Коалиција шпротив тутунот.

„Не постоји магичен едноставен метод, и ако некој вети дека има сигурен метод тоа е прв доказ дека тоа не е така.“

Лангерова сепак вели дека алтернативните методи можат да помогнат ако луѓето силно веруваат во нив. Најдобро, според неа, е кога човек ќе реши дека дошол моментот да запре да пуши. Нејзината организација нуди разна помош за луѓето кои се откажуваат од пушење, како спортски активности и разни други начини за одвлекување на вниманието од цигарите. На располагање за лицата кои сакаат да се откажат од тутунот е и докторка Ева Краликова психолог и нејзиниот центар.

„Ако еднаш или двапати не успеете, тогаш шансите да успеете по трет пат се многу поголеми. “

И во тоа се состои добрата вест. Во упорноста човек да се обиде повторно, велат психолозите.
XS
SM
MD
LG