Достапни линкови

Вашингтон: САД ја поздравуваат подготевноста на Иран за продолжување на разговорите со ЕУ


Соединетите Држави ја поздравуваат подготвеноста на Иран за продолжување на разговорите со Европската Унија околу контроверзната иранска нуклеарна програма. Ова го изјави портпаролот на Белата Куќа Тони Сноу откако шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки изјави дека Техеран би сакал да ги обнови разговорите со претставници на европската тројка Британија, Франција и Германија.
XS
SM
MD
LG