Достапни линкови

Повторно отворање на прашањето за поделба на БИХ


Во Босна и Херцеговина уште еднаш се отвори старата тема поделба на државата. По црногорскиот референдум, премиерот на Република Српска Милорад Додик јавно проговори за правата на народите за самоопределување и конкретно ја предложи можноста за отцепување на Република Српска. Од кабинетот на високиот претставник на меѓународната заедница во Сараево предупредуваат дека се неприфатливи сите споредувања на состојбата во Босна со онаа во Црна Гора.

Изјавата на премиерот Милорад Додик за можноста за распишување референдум за отцепување на Република Срспка од Босна и Херцеговина предизвика бурни реакции. Првиот заменик на високиот претставник Лоренс Батлер, побара од Додик да ја разјасни неговата изјава за референдум во Република Срспка. Портпаролката Санела Туновиќ го пренеува официјалниот став на оваа институција:

„Меѓународната заедница нема да дозволи да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Високиот претставник нема да се колеба да ги искористи своите овластувања за да ги зачува редот и стабилноста во земјата.“

Повеќето политички партии во босанската федерација се на став дека изјавата на Додик е без правна основа и несериозна. Според нив, ваквата националистичка реторика од деведесетите години е опасна по мирот во Босна.

„Мислам дека таквата активност може да ескалира многу далеку и треба уште во почетокот тој некој да биде удрен по прсти за да не шири изјави кои се опасни за нашата средина.“

Вели претседателката на Либерално демократската партија ламија Тановиќ. Во Дејтонскиот договор стои сите граѓани на Босна и Херцеговина го поддржуваат сегашниот Устав и оти за него не можат да се изјаснуваат поединечно, вели професорот по уставно право Омер Ибрахимагиќ.

„Може да има референдум само на просторот на цела Босна и Херцеговина и за него мора да постои консензус од трите босански народи.“

Невладината организација Српско народно движење изборот е наш која се залага за издвојување на Република Српска собира потписи за одржување референдум. Претседателот на организацијата дане Чанковиќ вели дека досега биле собрани пеесет илјади потписи.

„Без оглед дали оваа приказна на нашите српски политичари е искрена или не, во овој момент е добредојдена. На таков начин меѓународната заедница ќе биде запозната дека србите од се срце сакаат да си одат од оваа наметната Босна.“

Претседателот на Република Српска Драган Чавиќ вели дека државите не треба да се прават врз политика на насилства и деструкции:

„Напуштањето на резолуцијата дванаест четириесет и четири и брутално дефинирање на Косово како држава е порака до сите за засилување на сепаратистичките идеи. Мислам дека тоа неминовно ќе ја зафати и Босна.“
XS
SM
MD
LG