Достапни линкови

Јава: Во земјотресот досега загинале над пет илјади лица


Во земјотресот на индонезискиот остров Јава, според најновите податоци, загинале над пет илјади и сто луѓе. УНИЦЕФ вчера соопшти дека во земјотресот биле повредени околу дваесет илјади лица и оти над сто илјади останале без покрив над главата. Во погодените подрачја почна да пристигнува помош од меѓународната заедница. Епицентарот на саботниот земјотрес со сила од шест запирка три степени според Рихтеровата скала бил во близина на брегот на Индискиот океан. Се страхува дека потресот може да предизвика голема ерупција на вулканот Мерапи кој повторно се активира пред неколку недели.
XS
SM
MD
LG