Достапни линкови

Според експертите промените во Казнениот законик се неосновани


Промените во Казнениот законик со кои се преименува злоупотребата на службена должност се неосновани, бидејки со тоа, коментираат експертите речиси, нема да се казнува сторувањето на ова дело. Идејата велат тие е да ги заштитат лугето кои прават проневери

„Тоа го прават во согласност веројатно со лидерите од сите партии во Република Македонија за да во момент кога се во коалиција со партиите на власт, злоупотребите што ги направиле во работењето, кога се здобиле со имотна корист, да не одговараат кривично. Инаку, ако се менува тој член, тогаш најубаво да се укине целата глава 30 од Кривичниот законик бидејќи веќе ќе немаме кривично дело – злоупотреба на службена должност,“

изјави адвокатот Јован Јоанидис.

Претседателот по првото усвојување во Собранието не го потпиша указот и измените ги окарактеризира како декриминализација на службената должност, но по второ позитивно изјаснување на пратениците тој е должен да го стори тоа. Измените беа поддржани од речиси сите политички партии освен од ВМРО-ДПМНЕ. Ефтим Манев од оваа партија вели:

„Се остава празен простор во тој дел од кривичното законодавство, и сметам дека ако се направи интервенција во ставот 1 како што е предложено, треба кривичниот законик да се промени и во други делови.“

Некои од партиите се предомислија. Сега не ги поддржуваат измените и сметаат дека со нив ке се дозволи да се злоупотребува службената должност

„Решивме повторно да не гласаме за овие измени, затоа што тие не се усогласени со европска директива и не одат во правец за борба против корупцијата,“

Изјави Иван Анастасовски од Нова социлајдемократска партија.
На ставот дека е потребно преименување на службенаат должност остануваат СДСМ и ВМРО-Народна. Оттаму велат со измените се допрецизира кривичното дело злоупотреба на службената должност и им се олеснува работата на надлежните институции како МВР, јавно обвинителство:

„Има многу порационална примена, затоа што досегашната примена даваше широка лепеза за можноста злоупотреба,“

изјави Жарко Караџоски од ВМРО-Народна.
XS
SM
MD
LG