Достапни линкови

Македонија и Хрватска немаат никакви отворени политички прашања


Македонија и Хрватска немаат никакви отворени политички прашања, туку се и чекор напред има низа на заеднички активности за приклучувањето во НАТО и Европската унија, истакнаа денеска во Скопје, македонскиот и хрватскиот премиер Владо Бучковски и Иво Санадер. Судбината на регионот е во Европската унијата и покрај внатрешните проблеми

„Треба да ги убедиме дека вратите на ЕУ мора да останат отворени по примот на Бугарија и на Романија и оти судбината на регионот е во ЕУ “

„И апсорпциската мок и проблемите со уставот за нас се важни, но не толку колку важни колку што е суштината на европскиот проект за обединување, за минатото беа карактеристични војните, трагедиите, и ако ние во Европа сите заедно сакаме поинаква иднина, тогаш нема алтернатива, мора да има соработка наместо судири. Затоа Европската унија е најдобар мировен проект и затоа проширувањето не може да застане на границите на Бугарија и Романија, не може да застане и кога Хрватска ке влезе за некоја година, сигурен сум дека ке се случи тоа. тој мора да ги вклучи Македонија, Србија Босна Црна Гора, се разбира кога ке се исполнат условите. Регионални здружувања не, регионална соработка да. И тука Хрватска и Македонија и се добра пример за соработка“


изјавија Бучковски и Санадер.

На самитот на Алијансата што наесен ќе се одржи во Рига тие очекуваат јасен сигнал за зачленување за трите земји од Јадранската група.

Македонија е подготвена после изборите да ги вклучи Хрватите во земјава во Уставот, како што Македонците во Хрватска имаат статус на национално малцинство и се наброени во тамошниот Устав заедно со другите малцинства. Официјални податоци говорат дека во Хрватска има околу 4 илјади Македонци, а во земјава има околу седум илјади Хрвати.
XS
SM
MD
LG