Достапни линкови

Република Македонија го поддржува секое решение што е израз на демократската волја на граѓаните


Република Македонија го подржува секое решение што е израз на демократсата волја на граѓаните. Македонија и сега и во иднина ќе гради добрососедски односи со Црна Гора, ова е првичната реакција од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски по вчерашниот референдум на кој црногорските граѓани се изјаснија за независност на Црна Гора. И во Владата ја поздравуваат волјата на граѓаните во Црна Гора за независност. Македонскиот премиер Владо Бучковски смета дека тоа ќе придонесе за стабилноста на регионот:

„Дефинитивно вчера бевме сведоци на завршување на проектот Југославија, кој настана со искрени намери во минатиот век. Значи црногорците го искористија своето легитимно право да заврши дисолуцијата на поранешна Југославија и верувам дека ова ќе делува отрезнувачки во Белград и дека Белград многу порационално ќе го фати чекорот со дурите држави од регионот да се приближуваме кон Европа и кон НАТО.“

Вели во реакцијата за вчерашниот црногорски референдум премиерот Бучковски.

Во контекст на редефинирањето на границите на Балканот, и аналитичарите потсетуваат дека процесот на дезинтеграција ќе продолжи со претстојното решавање на статусот на Косово. Во оваа насока Аналитичарот Хисен Рамадани потенцира:

„За Балканот одвојувањето на Црна Гора од заедницата, не ништо ново. Претпоставка е дека со одредено време и одредени услови тоа да се случи и со Косово и мислам дека нема ништо ново во тоа. Мислам дека Косово и Црна Гора се последните остатоци од оние турболентни движења кои што Балканот постојано го држеа во една стресна состојба.“

Вели Рамадани. Владиниот советник за надворешна политика Мерсел Биљали смета дека конечно по завршувањето на дезинтеграцијата на државите од просторот на поранешна Југославија од 2007-та година, може де се очекува еден нов начин на соработка на државите од регионот.


„Конечно се очекува 2007-ма година да биде една поинаква година со еден поинаков имиџ на Балканот кои ќе ги заврши дезеинтеграционите процеси и кој ќе почне со економската и трговската соработка и конечно интеграција во ЕУ.“

Забележува Биљали.
XS
SM
MD
LG