Достапни линкови

logo-print

Техеран: Непријателите на нуклеарната програма на Иран ментално болни, изјавува Ахмадинеџад


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, како што јавуваат агенциите, изјавил дека непријателите на нуклеарната програма на Иран биле ментално болни. Неговата забелешка дојде откако генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан побара од Техеран и од меѓународната заедница да бидат поумерени во нивните изјави. За идната недела во Лондон е закажен состанок на претставници на Британија, Франција, Германија, Соединетите Држави, Русија и Кина за натамошните потези во решавањето на проблемот со иранската нуклерана програма.
XS
SM
MD
LG