Достапни линкови

Сакаме Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО


Велика Британија и Македонија се добри пријатели од осамостојувањето на земјава, изјави британскиот принц Едвард кој од вчера е во посета на државава. На денешното отворање на новиот објект на амбасадата тој истакна дека Британија беше мегу првите земји што ја признаа македонија и оти имаше голема улога во клучните моменти во 1990 кога се случуваше распад на Југославија, како и за време на кризата во 2001 година.

„Сега односите се развиваат од пријателство во партнерство. Нашиот водечки принцип е јасен - Ние сакаме Македонија да стане членка на Европската унија и НАТО штом таа биде подготвена за тоа. Ова е најдобар начин да се задржи стабилноста и просперитетот на земјата, воедно и на регионот. Оттука ние сме срекни што земјава доби статус кандидат за членство во Унијата во периодот кога со неа претседаваше Британија,“

рече принцот Едвард.

Според него македонија воспоставува добри односи со НАТО посебно со мисиите што ги испрака во Афганистан и Ирак, токму следните деведесет припадници на македонската армија кои ке заминат во Афганистан наредниот месец, ке бидат под британска команда.

„Во оваа амбасада ние сега работиме со нашите македонски колеги како идни сојузници и партнери,“

изјави тој.

Од финансиската помош што Македонија ја добива од Велика Британија засега за земјава не се предвидени средства од програмата преку која треба да се исполнат обврските за постигнување на милениумските цели мегу кои е и надминување на сиромаштијата. Британија сепак учествува со финансиска помош низ мултилатералните институции како Светска банка, агенциите на Обединетите нации, како и преку други фондови со цел помош во одбраната, доделување стипендии и слично.

Инаку принцот Едвард кој е во дводневна посета на македонија е трет и најмлад син на Карлицата и Војводата од Единбург. Како и повекето членови од кралското семејство тој по школувањето се вклучува во воена служба во кралската морнарица, потоа работи во продукција, а од 2002 година посветен е на активностите на кралското семејство кои имаат хуманитарни цели.
XS
SM
MD
LG